Познатиот македонски музичар перкусионист, Зоран Маџиров, почина денеска на 49-годишна возраст.
Маџиров на 7 октомври минатата година беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, откако со својот автомобил се судрил со камион-влекач. По несреќата беше згрижен на клиниките во Скопје.
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff.
Подготви: Филип Етмишовски
