Културо

Македонската опера и балет одликувана со Орден за заслуги за Македонија

Со указ на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Македонската опера и балет беше одликувана со Орденот за заслуги за Македонија.

Орденот му се доделува по повод 70 години постоење на Македонската опера и балет, за  успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност како и за исклучителениот придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот.

Орденот во име на МОБ го прими директорот Игор Дурловски.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: