Со указ на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Македонската опера и балет беше одликувана со Орденот за заслуги за Македонија.
Орденот му се доделува по повод 70 години постоење на Македонската опера и балет, за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност како и за исклучителениот придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот.
Орденот во име на МОБ го прими директорот Игор Дурловски.
Подготви: Филип Етмишовски
