Грузиската национална телевизија во склоп на овогодинешната Евровизија во Киев ги промовираше логото и слоганот за овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи во Грузија. За слоган на овогодинешната Детска евровизија избран е “Shine Bright”.
“Овогодинешното лого е инспирирано од сонцето и сончевата Грузија, додека слоганот е мотивација за учесниците на својот настап силно да блеснат”, велат организаторите. Детската евровизија ќе се одржи на 26-ти ноември во Спортската палата во Тбилси, Грузија. Досега не е потврдено учеството на Македонија, додека своето учество го потврдиле: Белорусија, Кипар, Грузија, Малта, Ирска, Холандија и Русија.
Подготви: Филип Етмишовски
