На 69-та годишна возраст денеска почина еден од познатите светски рок музичари Грег Алман во својот дом во градот Савана, во американската држава Џорџија, соопштија светските медиуми. Лидерот на бендот “Алман Брадерс” и пионер на јужњачкиот рок, роден во Нешвил, беше автор на многу хитови, како што се: “Midnight Rider”, “Whipping Post”, “Ramblin’ Man”, јавија американските медиуми.
Алман ги откажа минатогодишните турнеи, а во август соопшти дека се наоѓа под надзор на лекари заради “сериозни здравствени проблеми”. Три години беше во брак со пејачката Шер со која го има синот Елаја.
Подготви: Александра Блажевска
