Во прв ред

Саша Ковачевиќ одржа голем концерт во Велес (Фото)

Неодамна на нашиот музички портал беа најавени неколкуте концерти од летната турнеја на балкански познатиот поп пејач Саша Ковачевиќ, а како што доликува, време е да ве известиме за дел од нив. Вчера вечер овој познат поп пејач одржа свој голем концерт во Велес, односно, на базенот “Снупи” каде во голем број фановите и обожавателките нестрпливо го очекуваа на сцената. И ние не би биле музички портал ако не бидеме на местото на настанот. Па така, нашиот новинар Маринела Каранфилоска која што имаше можност да биде во бекстејџот и беше речиси единствен претставник од национален медиум, уживаше во концертот, а истовремено и известуваше за сите вас.

И покрај големото невреме, концертот Ковачевиќ го започна со песната “Где смо моја љубави”, а веднаш потоа концертот го продолжи со своите добро познати и препознатливи старо-нови хитови. Освен своите песни, поп пејачот испеа и неколку хитови од нашата македонска легенда Тоше Проески, како и од Бијело Дугме, Дино Мерлин, Аца Лукас… и многу други познати поп пејачи и групи од Балканот.

Како и секој веќе најавен концерт на Саша Ковачевиќ, така и на овој, имаше публика речиси од сите градови на нашата држава, а Ковачевиќ не би бил тоа што е ако на крајот од својот концерт не одвои време да се фотографира со секоја обожавателка одделно и не подели по некој автограм. Следните концерти од летната турнеја на овој познат пејач во Македонија ќе се одржат и тоа во следните градови:

  • 28 јули – Струмица, дискотека “Селект”
  • 29 јули – Охрид, Kadmo Beach
  • 11 август – Штип
  • 12 август – Охрид, Kadmo Beach

Подготви: Маринела Каранфилоска и Иван Јосимовски

 

Можеби ќе ве интересира: