Премиера

24 Промо: “Етносфера”, Дамјан Пејчиноски и Џамбо Агушев – “Дафина” (Видео)

Групата “Етносфера” ја претстави својата нова песна насловена “Дафина”, за која повторно соработуваше со принцот на трубата Џамбо Агушев, а овој пат им се придружи и виртуозот на гитара Дамјан Пејчиноски. “Дафина”, чиј комплетен автор е Никола Мицевски, стигна заедно со видео во реализација на битолската продукција Веста, а снимањето се одвиваше во прекрасниот амбиент на култното битолско кафуле “Порта џез”.

Својата нова песна групата “Етносфера” ја опишуваат како ведра и позитивна музика, која сигурно ќе го одбележи ова лето, а како изгледа и звучи “Дафина” можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

ETNOSFERA ft. Damjan Pejcinoski & Cambo Agusev - DAFINA

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: