Во прв ред

Допрете ја вселената заедно со Сара Мејс

Под покровителство на Град Скопје во вторник 26-ти септември со почеток во 20 часот на плоштадот “Мајка Тереза” ќе се одржи голем концерт на Сара Мејс. Истиот е бесплатен и од отворен карактер и гарантира одлична атмосфера под отворено небо за сите.

“Нашите артистички изразувања се изјава на карактерот и енергијата која ја криеме во себе. Ова важи за сите, за секој кој со љубов го испреплетува секое негово делување и чекор. Со желба искрено да го истакнам тоа што мене ме опишува и ме карактеризира заедно со тимот кој работеше на проектот “Floating through space” се подготвуваме за нешто незаборавно. Сакаме да направиме нешто ново, свежо и специфично и да приредиме забавен концерт од кој никој нема да остане рамнодушен”, рече Сара Мејс.

Македонската пејачка на 1-ви септември го направи првиот чекор со песната “Небо” и понуди нешто што полека ќе го дефинира нејзиниот пат за покорување на вселената. Вселенскиот брод на Сара Мејс слетува во вторник и предводени од нејзиниот вокал и харфа ќе и се придружат Иван Петровски и Неврус Бајрам на гитари, Дејан Митровиќ на бас гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Теа Богатинова и Калина Велковска како вокали, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски на перкусии. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снима во студио Алшар. Екипажот на “Floating through space with Sarah Mace” е подготвен да ги освои срцата на љубителите на музиката.

Напоменуваме, концертот на Сара Мејс е бесплатен и од отворен карактер и секој ќе може да помине 1 час во совршена забава и уживање.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: