Културо

Диригентката Бисера Чадловска е нов уметнички директор на македонската опера

Диригентката Бисера Чадловска е нов уметнички директор на Операта при Македонската опера и балет (МОБ). Чадловска доаѓа на местото на композиторот Сони Петровски.

Чадловска дипломирала во 2001-та година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Пост-дипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршила на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнала да работи како хор-мајстор во МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, во 2005-та година ја добива својата прва премиера “Таен брак” од Доменико Чимароза. Добитник е на наградата “Георги Божиков” за 2015-та година за континуирана изведба на дела од македонски композитори.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: