Македонскиот хип-хоп артист Слаткаристика кој продолжува агресивно да го освојува Бугарскиот музички пазар, деновиве го објави неговиот нов видео запис и песна со наслов “Money/Маани”. Песната е soundtrack, наменски изработена за потребите на “Привличане”, бугарски високобуџетен филм во кој освен што ја направи носечко-музичката песна, нашиот Слаткаристика глуми и во неколку сцени од филмот.
Автор на музиката и текстот е Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo. Видео спотот изобилува со сцени од филмот, а е изработен од режисерот кој се потпишува исто и на самиот филм – Мартин Макариев, познат по најдобрата ТВ Бугарска серија “Под Прикритие”. Премиерата на филмот е закажана за февруари, 2018-та година. Следен настап на Слаткаристика во соседна Бугарија е последниот концерт од големата “One Love” турнеја, на 5-ти ноември во Софија, а почетокот на 2018-та ја започнува со концерти во Банско.
Подготви: Александра Блежевска
