Премиера

24 Промо: Марко Логаут – “Mi amor” (Видео)

“Mi amor” или “Љубов моја” е најновото музичко остварување на кралот на Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како – Марко Логаут. Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска. Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото се потпишува Никола Китановски.

“Доколку треба да издвојам некој збор за новата песна, тие зборови би биле да уживате во наредните четири минути во еден лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина”, вели Марко Логаут. Инаку тој важи за еден од најбараните забавни изведувачи во земјава, а доказ за тоа е атмосферата од неговите настапи, за која Марко вели дека кој не бил, не знае што пропушта.

Marko Logout & Valentino DeVasco - " Mi amor "

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: