Поп ѕвездата Лејди Гага е позната по тоа дека многу ги почитува своите обожаватели кои се нарекуваат “мали чудовишта”, и не пропушта прилика да им се заблагодари за нивната поддршка. Лејди Гага моментално ја продолжува турнејата за новиот албум “Joanne” што ја прекина поради здравствени проблеми, а на еден од настапите во Анкесвил, Конетикат покажа точно колку и значат обожавателите.
Во еден момент од настапот во распродадената сала во Mohegan Sun Casino, суперѕвездата прекина да пее откако забележа дека во првите редови има повредена обожавателка. Таа и се обрати на публиката дека ќе прекинат на кратко за да се осигураат дека се е во ред. Лејди Гага ја праша обожавателката дали сака да продолжи да го гледа концертот и испушти насмевка со воздишка кога доби позитивен одговор. Потоа ја праша дали и треба помош и како се вика и и рече дека многу и е жал што ја удриле по лице и сега крвари.
Откако дојде медицинска екипа да и помогне на обожавателката која наводно се вика Мередит, Лејди Гага се обрати на публиката и рече:
“Треба да запамтиме дека има работи што се поважни од шоубизнисот”, на што публиката реагираше со аплауз. Потоа рече дека ќе го продолжи концертот со песна во чест на Мередит и почна да ја пее “Paparazzi”, еден од нејзините најголеми хитови.
Како сето тоа изгледаше, погледнете го следното видео и сами погледнете:
https://www.youtube.com/watch?v=gPUXN8PaTbY
Подготви: Виолета Трајковска
