Во прв ред

Голем концерт на Ана Николиќ и Раста во Скопје (Видео)

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ-Раста ќе направат вистински спектакл на 16-ти февруари во Вип Арената “Борис Трајковски” во Скопје. Ова ќе биде прв голем концерт по породувањето на Ана, која одлучи да се врати на сцената на голема врата. Николиќ припреми специјални мултимедиски материјали кои ќе се прикажуваат на големи видео бимови во текот на нејзиниот настап. Ана редовно вежба нови кореографии со кои ќе ги размрда и сите фанови во Вип Арената, а припрема и нови секси костими.

Сите кои сеуште немаат набавено билети, треба да побрзаат бидејќи следува еден спектакл со многу изненадувања, сценски ефекти, танчерки… Билетите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро2. Со секој купен ФАН ПИТ билет следува ЦД албум од Ана Николиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: