Овогодинешните претставници на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, “Eye Cue” ќе учествуваат на традиционалниот предевровизиски концерт во Амстердам, Холандија. Овогодинешниот јубилејен 10-ти предевровизиски концерт е закажан за 14-ти април, а ќе учествуваат 32 овогодинешни учесници на Евровизија.
Македонија со песната “Lost and Found” ќе настапи единаестта по ред во првото полуфинале на 8-ми мај во Лисабон.
Подготви: Филип Етмишовски
