Премиера

Продуцент од Шведска му направи нов летен хит на Тајзи (Видео)

Македонскиот пејач Тајзи периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди, во само две недели промовираше три нови песни: “Мој живот, моја ствар”, дуетот со Викторија Лоба “Каде сме ние”, а денеска ја промовира и најновата тема “Параноја” која излезе на каналот на “Балкатон” продукција од Србија.

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска. Во иднина Тајзи најавува уште соработки со продуценти од Шведска, бидејќи моментално тие се едни од најактуелните на светската музичка сцена. Мастерот е на Роберт Билбилов со кој Драган Величковски Тајзи веќе најави повеќе проекти, како и песна на англиски. Видеото е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на Кокино, Мермерно езеро, како и уште неколку локации низ Македонија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: