Музичкиот хепенинг создаден за сите љубители на фестивалите “Ентерфест”, започнува на 29-ти мај и ќе трае до 2-ри јуни, а ќе се одржува во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар “Борис Трајковски”. На двете сцени ќе настапуваат добро познати музички имиња од нашата музичка сцена и од целиот регион.
На сцената на “Ентерфест” ќе настапат: Ера Иштрефи, “Ван Гог”, “Бед Копи”, “Дивље Јагоде”, Дадо Топиќ, “Партибрејкерс”, Тамара Тодевска, “Атомско Склониште”, ПМГ, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, “Ај Кју”, Фолтин… и уште 70 други изведувачи.
Подготви: Виолета Трајковска
