Во прв ред

Утре во Прилеп – “Прилеп спие – Разбуди ја градската музичка сцена”

Прилеп станува збирно место за македонските алтернативни артисти. Утре сабота 12-ти мај во Гарден Хепи ќе се одржи “Прилеп спие – Разбуди ја градската музичка сцена” – свирката која не смее никако да се пропушти.

Ова е независен локален настан кој ќе ги спои музичките артисти од различни градови и различни жанрови на едно место, а со тоа ќе се разбуди градската сцена која веќе одамна како да заспала. Организаторите се надеваат дека ова ќе прерасне во иден културен двигател и главен поддржувач на македонската независна музичка сцена. Програмата се состои од пет музички артисти и тоа: Третар (Прилеп) Anna O. (Кочани) Ема (Битола, Скопје, Велес) Фосфен (Битола), Mitrik – Room 313 (Прилеп).

Атмосферата ќе ја зачини специјален гостин кој се уште останува непознат за публиката. Повеќе информации за настанот ќе добиете на следниот линк: “Прилеп спие – Разбуди ја градската музичка сцена”.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: