Во прв ред

Познат целиот line up на “Skopje Calling 2018”

Авалон продукција која што традиционално го организира “Skopje Calling” со задоволство не информира дека конечно го објавува финалниот line-up за четиридневниот фестивал “Skopje Calling 2018”. Како што веќе знаете, фестивалот го отвораат Axwell & Ingrosso на 21-ви јуни, на 22-ри јуни доаѓаат Morcheeba, а за Вас како специјално изненадување, со задоволство ви ја најавуваат и големата француска атракција Nouvelle Vague, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер.

На 23-ти јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња Texas, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд. Фестивалот го затвораме со последната голема ѕвезда на електронската музика, Alan Walker, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2-ри јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави “Skopje Calling” уникатен фестивал ова лето во Македонија. Да напоменеме дека сите оние кои што имаат купено влезници за Alan Walker за 02-ри јуни, истите ќе им важат и за новиот датум 24-ти јуни.

Цените на влезниците за настаните се следни:

  • Axwell & Ingrosso:

Партер 2 – 1000 денари
Партер 1 – 1500 денари
Фан Пит – 2000 денари

  • Morcjeeba & Nouvelle Vague:

Партер – 1000 денари
Фан Пит – 1500 денари

  • Texas & Darko Rundek:

Партер – 1000 денари
Фан Пит – 1500 денари

  • Alan Walker:

Партер – 1000 денари
Фан Пит – 1500 денари

Од Авалон продукција не известуваат и дека од 28-ми мај (понеделник) ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:
Партер – 2000 денари и
Фан Пит – 3000 денари

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: