Културо

Кралски концерт со Камерниот оркестар на Битола (Фото)

Камерниот оркестар на Битола и “Royal free singers” од Виндзор ќе одржат концерт во Центарот за култура во Битола, кој ќе се одржи утре недела 27-ми мај со почеток од 20.00 часот. Диригент ќе биде маестро Бенедикт Ганер, а придружник Џон Чентри, додека како солисти ќе настапат Сузан Пигот (сопран) и Џереми Ендрус (баритон). На концертот ќе бидат изведени дела од композиторите Џон Рутер, Вилијам Вилкокс, Пјетро Масгањи, Драган Шуплевски и други. Влезот е бесплатен.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: