Во прв ред

“Штипска пастрмајлијада” од 21-ви до 23-ти септември (Фото)

Како што не информираат организаторите, и оваа година традиционално ќе се оддржи познатата и се популарна манифестација “Штипска пастрмајлијада”. Оваа година истата ќе започне на 21-ви, а ќе заврши на 23-ти септември. Музика24 дознава дека е најавено учество на повеќе музичари од земјава и регионот, помеѓу кои ќе ги споменеме: Влатко Стефановски, Ван Гог, Амадеус бенд, Кристина Арнаудова, Дани Димитровска, Зоран Илиев, Јоце Панов, Либеро Бенд и многу други. Како главна музичка ѕвезда, на 22-ри пред публиката во Штип ќе настапи хрватската пејачка Северина, чиј хонорар сеуште чува во голема тајност. Она што е познато е дека општината оваа година има издвоено 2.500.000 денари за оваа манифестација.

Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов вели дека речиси се е подготвена за 12-то издание за манифестацијата, која и годинава ќе се одржи на добро познатата локација, кај кружниот тек кај Градскиот стадион. На оваа локација ќе бидат поставени околу триесетина штандови од страна на угостителите, но и тезги каде што локални уметници ќе може да ги презентираат своите изработки. Утврдена е и цената на познатиот штипски гурамнски бренд. Панајотов вели дека цената е 120 денари и е иста како минатата година.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: