Како што не известуваат нашите соработници, Авалон продукција, по повод Светскиот ден на туризмот 27-ми септември, тие добиа признание за фестивалот “Ohrid Calling” како Најуспешна туристичка манифестација во 2018 година. Според Министерството за економија, Авалон продукција дава голем придонес во развојот на туризмот во Република Македонија.
Авалонци од се срце се заблагодарија на ова признание и за следната 2019-та ветуваат уште поголемо и поуспешно издание на големиот музички фестивал “Ohrid Calling”, како и многу други убави проекти кои живот значат за оваа држава.
