Како што дознава музичкиот портал Музика24, најголемата балканска фолк дива Лепа Брена доаѓа во Скопје, каде ќе оддржи голем концерт на 15-ти декември. Концертот ќе се оддржи во ВИП арената “Борис Трајковски”, а истиот е дел од големата турнеја со која пејачката одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.
Инаку, познатата фолк пејачка Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”. Верната публика која со нетрпение го очекува концертот на легендарната миленичка на сите генерации, во декември ќе може да ужива во неповторливата ноќ во која ќе бидат изведени најголемите хитови на сите времиња, како и најновите хит песни.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и Цвеќара Розе – Веро 2.
