Во прв ред

“Texas”: Не е лесно да се биде мајка на модерна тинејџерка (Фото)

Вчеравечер во СРЦ Кале, во преполната сала, се одржа долго очекуваниот концерт на популарниот бенд “Texas”. Оваа бенд својот концерт првично требаше да го одржи во рамките на фестивалот “Skopje Calling”, но поради презакажување фановите со душа чекаа да дојде 28ми септември.

Уште од самиот старт и реакцијата на публиката се знаеше дека овој концерт ќе е успешен. Тие концертот го започнаа со нивниот голем хит “Don’t want a lover”, а веднаш потоа се редеа и многубројните хитови како што се: “Black eyed boy”, “Summer son”, “Say what you want”, In our lifetime”… како и песните од новиот албум “Jump on board”. За време на целиот концерт Шарлин постојано играше, скокаше на сцената, се чувствуваше онаа позитивна енергија која несебично ја споделуваше со публиката, а често и комуницираше со неа. Таа во неколку наврати раскажуваше за дел од нејзиниот живот, за она што и се случувало, а меѓудругот кажа и дека за време на концертот многу и се јаде.

“Ја мразам ќерка ми. Мислев дека никогаш не би можела да мразам нешто што потекнува од мене, но, така е. Има ли некој во публиката 16 годишна ќерка? Јас не сум била таква, не ја излудував мајка ми”, се пошегува пејачката Шарлин раскажувајќи за својата немирна ќерка тинејџерка.

Таа на крајот од концертот кажа дека навистина и е жал што досега немала можност да дојде во Македонија, и што толку долго време требало да се случи тоа, но вети дека ова нема да е последен пат. Како пред група на самиот почеток на концертот на сцената се појави и публиката ја забавуваше нашата позната поп-рок група “Ареа”.

И на овој речиси совршен концерт, каде што македонската публика имаше можност да слуша и во живо да ужива во светска музичка ѕвезда со квалитетна и убава музика, организатор е Авалон продукција, нашите соработници кој неуморно работат само за вас.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: