World Music

Погледнете: Кој познат музичар во центарот на Даблин им пееше на бездомниците (Видео)

Фронтменот на ирскиот бенд U2, Боно по повод божиќните празници отпеа неколку од своите најголеми хитови за сите бездомници на улиците на Даблин, пренесува Скај Њуз. Него му се придружи гитаристот “The Edge” кој заедно со Боно ги повикаа луѓето да донираат пари за локалната хуманитарна организација за згрижување на бездомниците. Имено, парите кои се собрани во куферот од гитарата му е предаден на здружението “Simon Community”.

Глен Хансард, основачот на рок бендот “The Frames” го организираше овој настан на Бадник, а Боно и “The Edge” ја отсвириле песната која ја критизира ирската влада поради лошото решавање на проблемите со бездомниците во Ирска. После низа настапи на други ирски ѕвезди, Боно и “The Edge” се претставени како млади момци од северен Даблин после што застанале пред публиката со своите инструменти.

Според податоците на организацијата “Focus Ireland” во оваа земја има речиси 10.000 бездомнци. Учесниците на кампањата велат дека покрај силната економија, нема доволно згрижувачки домови и дека цената на станарината нагло се зголемува.

Можеби ќе ве интересира: