Културо

Утре 16-ти февруари “Хофманови приказни” во МОБ

Утре вечер 16-ти февруари со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера “Хофманови приказни” на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта. Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман.

Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава “Хофманови приказни”, која била продуцирана во театарот “Одеон” во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.

Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…
“Хофманови приказни”, која самата по себе плени со прекрасна музика ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.

Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго. Во операта настапува бројна солистичка екипа, како и хорот и оркестарот при Македонската опера и балет.

Можеби ќе ве интересира: