Културо

На 2 април на сцената на МОБ – најпопуларната сценска кантата “Кармина Бурана”

Македонската опера и балет ви ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска кантата “Кармина Бурана” од германскиот композитор Карл Орф. На 2 април со почеток во 20 часот публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар. Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор, Горан Начевски – баритон.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ. Диригент е Бисера Чадловска. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Можеби ќе ве интересира: