Дејвид Боуви секако е една од најголемите ѕвезди на денешницата, но неговиот камбек на сцената изгледа најмногу ја вознемирило неговата поранешна жена Енџи Барнет. Животот на една рок ѕвезда е доста интересен. Со толку физички промени, Дејвид Боуви и денес е еден од најинтригантните лица на светската сцена. Иако денес е во складен брак со убавицата Иман (57), неговата поранешна сопруга Анџи Барнет вели дека тие имаат слободна врска и дека и денес се забавува со мажи.
“Мојот поранешен маж сакаше да се секса во тројка со мажи и жени. Поради негововата промискуитетност закаснивме на сопственото венчање”, раскажала Енџи за “The Sun”. Таа открила како Боуви на денот на венчавката завел непозната девојка во еден клуб во Лондон.
“Ја заведовме и ја поминавме ноќта заедно. Кога се разбудивме, видовме дека касниме на церемонијата”, раскажала Енџи. Поранешната манекенка и Боуви се венчале во 1971-та година, а се развеле девет години подоцна. Иако смета дека Боуви се променил од тогаш, но не пропуштила да дополни дека во 70-те бил зависник од кокаин.
Подготви: Марија Поповска
