Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина, шоу кое не смеете да го пропуштите, на 13-ти април, во арената “Борис Трајковски”, најавуваат организаторите. Емоции и добри песни ветуваат од тимот на Северина, а концертот е замислен како продолжување на “бајката од студиото” и е концептиран како контраст помеѓу доброто и злото, светлината и темнината.
Северина веќе работи на пробите за концертот во Љубљана и Риека и нестрпливо го чека датумот за дружење со македонската публика која и оставила силен впечаток на претходниот концерт. Публиката на овој концерт ќе присуствува и на претстава и на концерт, спој од повеќе вида на уметности преку кои Северина ќе ви овозможи незаборавни мигови.
Туристиччата агенција “Гуливер” со секоја купена влезница за нејзиниот концерт ви го подарува и новиот албум “Добродошао у клуб”. Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. “Гуливер”, “Југотон” – ГТЦ, “Камарад” – Рамстор, Цвеќара “Розе” – Веро2, Куглана – С.Ц. “Борис Трајковски” и “Тобако шоп” – Сити Мол.
Подготви: Марија Поповска
