Пејачката и актерката Џенифер Лопез во шоуто на “Џими Кимел Лајв” го промовираше филмот каде глуми со Џејсон Стетам. Сексипилината Џенифер во шоуто се појави во креација на позната италијанска модна куќа Dolce&Gabbana. Во припиена и предизвикувачка креација го покажа нејзиното цврсто тело. Четириесет и двегодишната дива открива дека младоликиот изглед, освен добриот ген се должи и во тоа што никогаш не пушела цигари ниту пиела алкохол и што се обидувала секогаш доволно да спие. Освен што се грижи за изгледот, пејачката припаѓа на групата познати кои ја излудуваат околината со своите невообичаени барања.
Поточно, Џенифер е опседната со чистење и затоа каде и да оди со себе ја носи својата даска за WC школката. Таа даска е изработена специјално за неа и без неа пејачката не влегува во ниту еден тоалет. Со нејзината опседнатост со чистотата беше запознато и нејзиното поранешно момче Бен Афлек, кој за време на нивната љубов, својата мила ја изненадил со даска за WC која била обложена со бесценети камења и кристали, а тој луксузен подарок го платил 105.000 долари.
Подготви: Александра Блажевска
