World Music

Џорџ Мајкл не му остави ниту долар на својот поранешен партнер

Починатиот пејач Џорџ Мајкл на својот поранешен партнер Фади Фаваз (46) не му остави ниту долар од своето големо богатство во вредност од 100 милиони евра. Целиот имот на Мајкл ќе го поделат неговите сестри во еднаков дел, а Фади ќе мора да се исели од заедничкиот дом во кој се уште живее. Исто така е познато дека семејството на пејачот побарало од Фаваз да ја напушти куќата, но тој одбил.

Судот ја донесе својата конечна одлука на 30-ти мај, според која мнозинството наследници на имотот на пејачот се сестрите Јиода и Мелани.

Популарниот пејач остави зад себе богата колекција уметнички дела, вклучувајќи го и пијаното на Џон Ленон, а според странските медиуми се ќе припадне на добротворната фондација на Мајкл, која тој ја основаше во 2009 година.

Можеби ќе ве интересира: