Музика на кирилица

Тони Зен утре промовира нова песна и видео спот (Фото)

Хип-хоп изведувачот Тони Зен утре во 20 часот ќе ја промовира својата нова песна и видеоспот за истата во просториите на киното “Синеплекс” во Скопје. Нумерата наречена “Под контрола” претставува дел од трилогијата на Тони Зен. Зад видеото стои продукцијата BMA Brothers, визуализирано од Тони Зен, а во режија на Мерт Арслан и Антонио Павловски. Музиката е на Нино Васков, а текстот на Тони Зен.

Темата на оваа песна го опишува глобалниот систем и неговото влијание врз човештвото кое живее под страв и притисок поради недостигот од информации и манипулирање. Песната ќе се најде на новиот албум на Тони Зен, под наслов “Микроскопски организам” кој треба да биде издаден оваа година.

Постер за утрешната промоција на Тони ЗенПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: