World Music

Роденденот на првата американска дама збогатен со гласовите на Адел и Бијонсе

Првата дама на САД, Мишел Обама, планира на 17-ти јануари наредната година да организира голема забава со учество на голем број познати личности, меѓу кои ќе се најдат и двете популарни пејачки Адел и Бијонсе. Повод е прославата на 50-от роденден на сопругата на американскиот претседател Барак Обама. Според пишувањето на “Daily mail”, Адел и Бијонсе се омилени пејачки на првата дама на Америка која инсистирала на нивното присуство. Британската ѕвезда и од неодамна оскаровка Адел, веднаш ја прифатила поканата и е поласкана што ќе пее во Белата куќа.

“Адел со задоволство ја прифати поканата и се откажа од нејзиниот вообичаен хонорар за настапот на приватната свеченост. За првата дама и нејзините гости таа ќе ги изведе нејзините најпознати хитови”, изјавил неименуван извор за “Daily mail”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: