Во прв ред

“Црвена Јабука” ве кани на вино и добра музика

Популарниот екс-ју бенд “Црвена Јабука” утре 23-ти јуни ќе одржи концерт во комплексот на винаријата Стоби. Забавата почнува во 17 часот. Поводот за гостувањето на популарниот бенд е првата активност во рамки на Stobilosophy, убавината на животот со добро вино и музика.

Органзаторите најавија вистинска забава со познатите рефрени на екс-југословенскиот бенд, сето тоа залеано со добро вино и вкусни деликатеси. Не е првпат во винаријата Стоби да се организира забава од ваков тип. Речиси секогаш на нивните журки гостуваат познати музички ѕвезди. Картите за забавата во kupikartizase, можат да се купат по цена од 1200 денари.

Можеби ќе ве интересира: