Фестивалот стартува со традиционално дефиле на сите учесници низ велешките улици се до бината во амфитеатарот на Младинскиот парк каде се одржа свеченото отворање и првата фестивалска вечер. Настапија домаќините од Фолклорниот ансамбл “Вила Зора”, а потоа фолклорните групи: “Санта Луција” од Сардинија – Италија, КУД “Свети Сава” од Република Српска БиХ, КУД “Кочо Рацин” од Скопје, “Пржигда” од Полска и Х.Е.М од Турција.
Томе Јаневски претседател на организациониот одбор, во своето обраќање истакна дека фестивалот е мост меѓу народите и со години наназад го носи приматот на најпосетена културна манифестација во текот на годината во Велес, а која брои повеќеилјадна публика на четирите фестивалски вечери.
Фестивалот ќе трае до 6-ти јули, а годинава учествуваат вкупно 17 ансамбли од кои 11 се од земјава и шест од странство од Италија, Полска, Република Српска – БиХ, Хрватска, Бугарија и Турција.
На програмата, вечерва во 20.30 часот на истата сцена во Младинскиот парк ќе настапат “Распеани велешани”, Фолклорните групи “Морава” од Бугарија и Х.Е.М. од Турција, ФГ “Санта Луција” од Сардинија Италија, КУД “Свети Сава” Р.Српска БиХ, ФГ “Пржигода” од Полска и Фолклорниот ансамбл “Китка” од Ораовица Радовиш.
Фестивалот со 600 илјади денари го финансира Општина Велес плус 50 илјади од стопственици од регионот, а за првпат изостана финансиската подршка од Министерството за култура
