Премиера

24 Промо: Соња Тарчуловска – “Добредојде” (Видео)

“Сега светот знае за вистината, дека ти ја носиш всрце татковината и ти пее добредојде Македонија, твојата родна земја од тебе никогаш не се откажа”, вака гласи рефренот на новата балада, песна на Соња Тарчуловска која што вчера вечер промотивно ја пушти на музичкиот канал YouTube, а претходно истата беше промовирана на Сител3 телевизија во една од најгледаните тв емисии “Јади бурек” на Јанко Илковски.

Видео спотот за песната “Добредојде” е снимен од страна на Бокс продукција во Скопје, Хаг и Германија во една од македонските православни цркви. Инаку, таа оваа песна ја посвети и е снимена по повод ослободувањето на нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски од Хаг кој веќе осум години ја одлежува својата казна донесена од Хашкиот трибунал. Иако сите ние македонците знаеме дека казната е безправедно донесена, сепак ние како музички портал кој ја промовира пред се македонската музика, промовираме според нас, уште една совршено-убава песна на Тарчуловска и видео спот кои двете заедно прават вистинско ремек дело. Во продолжение, уживајте и во двете работи.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: