Балканленд

Преслава направи вистински бум со најновиот хит “Пијан” (Видео)

Преслава важи за една од најпознатите бугарски пејачки не само во соседна Бугарија, но и низ цела Европа со свои турнеи во Америка, Канада и Австралија, а во летниот период забавите продолжуваат покрај Црното Море, во многубројните дискотеки и ноќни клубови каде што ги пее своите препознатливи хитови кои се слушани и барани од публиката.

Нејзината најнова песна “Пијан” која неодамна ја издаде предизвика вистинска интернет сензација, затоа што само за четири часа имаше гледаност со над 170.000 прегледи на официјалниот YouTube канал на телевизија Планета и со самото тоа истата се искачи веднаш на првото место со гледаност во соседна Бугарија, регистрирајќи само позитивни коментари од страна на обожавателите на поп-фолкот како жанр.

“Пијан” е дело на композиторот Даниел Ганев, со текст на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, додека пак за видеото кое носи свежо и летно расположение е дело на режисерот Виктор Антонов со камерман Радослав Гочев, во кое пејачката ја гледаме во одлично издание и топ форма и повеќе од очигледно е дека мајчинството и дава се повеќе стимул за работа.

Подготви: Наташа Секуловска

Можеби ќе ве интересира: