Македонската музичка дива Калиопи, продолжува со настапи низ поранешна Југославија. Букле по повод празникот Свето Преображение на 19 август ќе настапи на плоштадот “Слобода” во Требиње, БиХ. Празникот е слава на градот и црковната општина Требиње.
Концертот е под покровителство на градот Требиње, а започнува во 21.40 часот.
