И во најтешките моменти пејачката Лејди Гага не може а да не го сврти вниманието врз себе, па така ја позлати инвалидската количка во која се наоѓа после операцијата на колкот. Пејачката нарачала специјална инвалидска количка со кожно седиште, позлатени тркала и конструкција. Дизајнерите кои ги ангажирала за таа работа биле почестени со задачата, но и задоволни што “направиле количка за кралицата”. Лејди Гага минатиот месец имаше операција на колкот, поради што беше принудена да ја прекине својата светска турнеја.
Претходна објава
Следна објава

