20-годишниот Дарко Гроздановски, млад пејач и виолинист од Битола, денеска ја промовираше својата прва авторска песна. Песната носи наслов “Да ја видам”. Музиката, текстот и аранжманот се дело токму на Дарко. Гроздановски текстот за рефренот го напишал одамна во форма на поезија. А сега ја комплетирал песната со текст и напишал музика. Дарко во моментот е ученик во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” – Скопје.
Подготви: Филип Етмишовски
