По кратко време откако ја промовираше песната “За тебе” заедно со видео спот, Јордан Митев повторно со новитет за својата публика. Овој македонски фолк пејач кој во моментов е на турнеја во Австралија, ја промовираше песната “Роден крај” за која сними и видео спот. Митев се јавува како комплетен автор на песната, а во видеото се прикажани неколку значајни локации од Македонија.
Погледнете го видео спотот и уживајте!
