Музичкиот портал Музика24 дознава дека фолк пејачката Сузана Гавазова по Македонија, ќе започне да ја освојува и Турција. Таа ќе биде ексклузивна гостинка во најгледаното турско тв шоу “Бир Авиз”, кое се емитува на националната турска телевизија. Гавазова е задоволна и вели дека за нејзиниот престој во Турција “виновник” е Адил Алуш, кој што всушност е менаџер на нашите музички имиња за таа земја.
“Со задоволство ја прифатив поканата и специјално за емисијата подготвив изненадување. Не само со мојот изглед, туку и музички. Ќе отпеам неколку македонски, но и турски песни”, изјавила Гавазова. Гавазова меѓудругото открива дека за оваа пригода тамошните менаџери изнајмиле лимузина со која таа ќе пристигне на местото, а веднаш потоа за целиот настан да биде гламурозен, свечен, таа ќе продефилира по црвен тепих. За се она што ќе се случува во Турција и на самата музичка емисија каде ќе гостува нашата позната фолкерка, во наредните денови на Музика24.
Подготви: Александра Блажевска
