Во организација на музичката куќа и продукција “Сил-Вла” на 27-ми декември со почеток од 20 часот во Домот на Арм во Скопје ќе се одржи голем, спектакуларен концерт-мјузикл со наслов “Ромален” на Силви Бенд. Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста, древноста и оригиналноста.
Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет и богат оркестар од 15-тина луѓе на сцена.
