Магазин

Новото продолжение на “Матрикс” во мај 2021 година

Продолжението на трилогијата “Матрикс” доаѓа една година порано од првичните најави. Засега едноставно насловен “The Matrix 4”. Од “Ворнер брос” известуваат дека неговата премиера е закажана за 21 мај 2021.

Режисерка ќе биде Лана Вашовски, еден од коавторите на оригиналната трилогија, а во своите улоги се враќаат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос и Џејда Пинкет Смит. Дел од новиот кастинг се Нил Патрик Харис, Јахја Абдул-Матин и Џонатан Гроф. Кери-Ен Мос и Кијану Ривс се враќаат во своите улоги по 18 години.

“Матрикс” важи за еден од револуционерните научно-фантастични филмови, кој беше награден и со четири оскари, а во 2003-та година следеа уште два дела.

 

Можеби ќе ве интересира: