World Music

Gangnam Style наскоро со продолжение?!

Јужнокорејскиот музичар Psy во неделата се врати во татковината и најави дека е подготвен за објавување на долгоочекуваното продолжување на неговиот голем хит Gangnam Style.

“Ги завршив подготовките за новата песна и сега сум растргнат меѓу двете песни”, изјави Psy за новинарите веднаш по слетувањето на аеродромот Гимпо во Сеул. “Едната остава впечаток сличен на Gangnam Style, а другата сосема поинаков впечаток. Сега размислував, за тоа која е подобра: многу сличната или сосема различната”, изјави Psy и меѓудругото додал дека и за двете веќе ги подготвил танцовите чекори.

Претходно Psy најави дека продолжението ќе биде објавено на 13-ти април, и тоа истиот ден ќе биде проследено со голем концерт со наслов “Happening” на фудбалскиот стадион “Seoul World Cup”, за кој влезниците почнаа да се продаваат на 11-ти март. Меѓутоа, локалните медиуми велат дека сега размислува за тоа во Јужна Кореја песната да ја објави ден претходно, во знак на благодарност за своите јужнокорејски обожаватели. Триесет и пет годишниот рапер со цело име Парк Јае-Санг светската слава ја стекна со видеото Gangnam Style кој го освои светот поставен на 15-ти јули 2012 година стана најгледаното видео YouTube кој во март 2013-та година веќе достигна 1,4 милиони гледања.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: