Во прв ред

Три прекрасни вечери со Петар Грашо во Скопје (Фото)

Популарниот Петар Грашо приреди три прекрасни вечери во Македонската филхармонија кои долго ќе се паметат. Интересот за сите три концерти оправдано беше голем и билетите се распродадоа за брзо време. Големата сала на филхармонијата беше исполнета до последното место, а истата има 1000 седишта.

Публиката наизуст ги знаеше сите песни на Грашо. Цела публика беше на нозе и во еден глас ги пееше најпопуларни нумери “Уторак”, “Ако те питају”, “Воли ме”… Петар не го заборави својот голем пријател и ментор Оливер Драгојевиќ во чија чест испеа песна и со публиката сподели заеднички анегдоти од нивните настапи. Авалон продукција направи одличен избор за локација на концертот одличната акустика на Македонската филхармонија придонесе за уште поубав концерт.

Подготви: Филип Етмишовски
Фото: Стефан Рајхл (Авалон продукција)

Можеби ќе ве интересира: