Балканската ѕвезда Хари Варешановиќ со својот бенд “Хари Мата Хари” пролетта 2020 година ќе одржи неколку концерти во Скопје, после скоро 10 години пауза.
“Сметам дека оваа година е вистинската за концерт. Скопје сега има малку адекватни сали за концерт кои одговараат на мојата музика и публика. Во завршна фаза се преговорите за неколку концерти во салата на Македонска филхармонија”, изјави Хари Варешановиќ. Хари деновиве е во Скопје каде настапува на роденденска прослава на познат скопски ресторан.
