Македонската поп-дива Калиопи го најави својот настап на престижните Music Awards Ceremony (MAC) во Белград на 27-ми јануари. Букле е вториот потврден изведувач за MAC 2020 после хрватската пејачка Нина Бадриќ. Воедно Калиопи е втор македонски изведувач после Каролина Гочева која ќе настапи на оваа манифестација.
Настапот на Калиопи не e изненадување, бидејќи таа почесто настапува во Србија и регионот отколку во Македонија. Калиопи исто така е номинирана за награда за најдобар концерт. За концертот кој го одржа годинава во Сава центар во Белград.
