Магазин

Годишен хороскоп: Вага, Шкорпија и Стрелец (Фото)

Продолжуваме онаму каде што застанавме вчера. Денес во нашата забавна рубрика ќе имате можност да прочитате годишен хороскоп за хороскопските знаци: Вага, Скорпија и Стрелец. Уживајте!

  • Вага

2020-та за Вагите ќе биде година полна со работа, но и со среќа, па искористете ги сите шанси кои ви се нудат за напредување. Хороскопот за 2020-та на Вагите им ветува година полна со личен напредок и себе-разбирање, што ќе ви помогне да постигнете големи промени во животот.

Ве очекуваат повеќе кратки патувања и многу дружење со вашите блиски пријатели, но и со нови контакти во приватниот и професионалниот живот. Ќе бидете многу силни и пред светот ќе се покажете во одлично светло, заради што ќе стекнете многу почит, а животот ќе ви се врти околу децата, па можни се и некои промени на тоа поле.

-Работа и финансии

Ќе бидете мотивирани да работите повеќе од кога било, а истовремено ќе бидете фокусирани и на вашите хобија, па ќе имате доста активна година и распоредот постојано ќе ви биде исполнет. Сепак, не се чувствувајте виновно ако направите пауза одвреме-навреме, бидејќи ќе го заслужувате тоа. Иако имате потреба повеќе работи да ги направите сами, сепак во некои периоди е подобро да се впуштите во тимска работа за подобри резултати.

Кога станува збор за финансиите, ќе имате помалку непланирани, големи трошоци, но сепак, може да дојде до недостатоци во одредени месеци, па најдобро е да пробате да заштедите нешто. Ќе имате нови и креативни начини за заработка, а нови професионални шанси и договори се можни на пролет. Ќе бидете наградени за целиот труд во изминатиот период, а ќе имате можност да ја покажете вашата висока стручност. Бидете великодушни, но немојте да ја фрлате вашата заработка на непотребни работи и да инвестирате во “ветер во магла”.

-Љубов

За 2020-та ѕвездите предвидуваат подобрување на проблемите кои можеби сте ги имале во претходната година. Можни се мали шанси за немир во односите, но оваа година имате шанси за усогласување. Ќе имате желба за поголема контрола во љубовта, па би било добро да не дозволувате партнерот да ве кочи, бидејќи ви е потребна и слобода и поддршка за личен развој.

Доколку сте слободни, внимавајте да не се впуштите во авантура со некој кој сака да ја има контролата над вас и не ви овозможува простор за издигнување на лично поле. Ќе имате шанси за почеток на здрава врска ако барате некој со кој може заедно да освојувате животни цели. Семејните односи исто така ќе се одвиваат како “мед и млеко” и нема да имате сериозни проблеми, па уживајте во секој момент поминат со саканите.

-Здравје

Во првите неколку месеци од 2020-та ќе се наполните со енергија, па обидете се во текот на цела година да ја насочувате правилно и да не ја потрошите одеднаш. Иако Вагите не важат за љубители на вежбањето, сепак ова ќе мора да го промените и да докажете дека можете подобро, за да ја зачувате енергијата и доброто здравје.

Ќе имате интерес и за алтернативни здравствени методи, па добро би било да направите баланс и целосно да се погрижите за себе. Во 2020-та ќе бидете фокусирани и на подобрување на менталното здравје и духот, па ќе зајакнете како личност и ништо нема да ви стои на патот.

  • Скорпија

Во 2020-та година Скорпиите треба да ја користат својата позитивна енергија за да им помогнат на другите да напредуваат во своите животи. Максимално и разумно треба да го користите времето оваа година. За вас 2020-та година ќе биде посебно напредна и многу од работите кои ќе ги посакате, ќе ви се исполнат како награда за сите вложени напори во минатото.

На почетокот од годината ќе забележите драстични промени посебно кога се работи за кариерата, а како што годината ќе одминува, така вие ќе напредувате духовно. Единствено таинственоста може да ви донесе недоразбирања во 2020-та, па подобро би било гласно да ги кажувате работите кои ги сакате.

-Работа и финансии

Оваа 2020-та нема да биде претерано продуктивна за Скорпиите, па можни се кратки периоди на досада на моменталното работно место. Ова ќе ве поттикне да размислувате за промена на кариерата. Впуштете се во потрага по професија која е во склад на вашите вештини и работите кои сакате да ги правите. Нема смисла да ја напуштите моментално здодевната работа за да се посветите на уште поздодевна.

2020-та ќе биде опуштена и кога се работи за финансиите. Важно е да се советувате со стручни лица за вашите трошоци и влогови. Сите долгови конечно ќе се исчистат. Раната пролет во 2020-та ќе ви донесе енергија неопходна за привлекување награди. Продолжете да бидете вредни, но не и напорни.

-Љубов

Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се движи во иста насока како и во 2019-та. Сепак, ќе има мали промени доколку сте сами, односно има големи шанси да запловите во љубовна врска на самиот почеток од годината. Без оглед на тоа дали сте во брак, врска или сами, љубовните одлуки ќе ви бидат тешки во оваа 2020-та година.

Избегнувајте комплетна контрола над партнерот, обидете се да се опуштите сами и во друштво на пријателите. Секогаш ќе мора да размислувате на последиците пред да преземете драстични мерки. Не е важно да идете само интимни за да бидете среќни.

-Здравје

Во споредба со 2019-та година, Скорпиите ќе имаат многу повеќе енергија од очекуваното. Веројатно нема да знаете што да правите со неа, па ќе мора да откриете ново хоби. Првите неколку месеци важно е да ја избалансирате исхраната. Ова ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да избегнете проблеми во остатокот од годината.

Не се форисирајте до самиот раб на исцрпување, и физички и психички. Воведете подобра дисциплина за подобро здравје е конечниот совет за 2020-та.

  • Стрелец

Изгледа дека во 2020-та ве очекуваат многу промени, но и резултати од досегашната работа. Бидете подготвени да го промените начинот на кој комуницирате со другите, но и за промените во кругот на пријателите и семејството. Ќе имате слобода сами да одлучувате за секој аспект од вашиот живот. Ќе имате и многу можности, а ако ги препознаете и прифатите вистинските, ова може да ви биде најдобрата година досега.

Дефинитивно ќе научите многу за себе, но и за љубовта и животот.

-Работа и финансии

Во новата година ќе работите многу повеќе, а тоа ќе резултира и со поголеми успеси. Постои голема можност навистина да и се приближите на најважната професионална цел, но веројатно работата ќе ви ја одзема целата енергија. Сепак, токму заморот од работата ќе ве научи како правило да се релаксирате. Нема да правите големи промени во кариерата и повеќе ќе се фокусирате на себе.

2020-та ќе биде одлична за вашите финансии. Ќе имате повеќе пари од кога било, ќе ги исплатите сите долгови, па дури и ќе заштедите за во иднина. Во првата половина од годината обрнете им внимание на новите контакти. Токму тие можат да бидат клучни за вашиот успех.

-Љубов

На поле љубов ќе ви биде потребна промена, без разлика дали сте во врска или не. Ако сте сингл, време е да почнете да барате нов партнер. Љубовта барајте ја кај некој нов познаник, а не кај пријателите или бившите. Па, одвојте повеќе време за излегување на нови места.

Доколку сте во врска за која сте сигурни дека нема иднина, време е да и ставите крај во 2020-та. Сепак, доколку сметате дека има надеж, оваа година ќе имате многу можност да ја подобрите комуникацијата со партнерот. Очекувајте промени и во пријателските и семејните врски. Бидете пооптимистични кога сте со саканите, а ако сакате да им помогнете, немојте да бидете премногу напорни.

Доколку изгубите некој пријател, до пролет ќе најдете личност која ќе го заземе неговото место, а со која вистински ќе се поврзете.

-Здравје

Одвреме-навреме ќе се чувствувате исцрпено, но до пролет ќе ви се врати целата енергија. Можно е да се справувате со некој здравствен проблем, но поверојатно е дека тоа ќе биде проблем на некоја блиска личност. Воглавно, здравјето ќе ви биде добро, а конечно ќе поработите и на вашата духовност. Во 2020-та ќе се обидете да го најдете вашиот внатрешен мир и до крајот на годината ќе се чувствувате подобро од кога било.

Продолжува…

Можеби ќе ве интересира: