Групата “Next Time” специјално за потребите и снимањето на детската тв емисија “Дајте музика”, снимија нова песна. Додека тие пејат за “Мина” интересна е глетката како децата кои се актери и учествуваат во оваа тв серија се трудат да играат со девојчињата, симпатично нели.
Нивната најнова песна е дело на веќе докажаниот Николче Мицевски, а текстот е пак на Валентин Соклески. Како звучи нивната најнова песна, слушнете и погледнете во продолжение…
