Музика24: Наближуваат Божиќните празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата празнична адмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?
Симона Поповска: Овој период од годината е омилен за мене !Се радувам на целата празнична атмосфера затоа што ова се моменти на љубов, среќа и нови почетоци.
Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?
Симона Поповска: Да верувам и секоја година си посакувам остварување на желба затоа што чудата се случуваат.
Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале во текот на годината. Дали можеби како дете си оставала празни новогодишни чорапчиња и си го чекала подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?
Симона Поповска: Да и тоа ми останало како традиција, верувам дека ноќта пред Божиќ е волшебна. Сеуште си оставам новогодишно чорапче и секако моите најблиски знаат да ме изненадат, а и јас нив.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за дочекот на Новата година? Подготвувате специјалитети, сакаш да уживаш во прошетките со најмилите, купуваш подароци за саканите…?
Симона Поповска: Започнувам со декорирање на својот дом, купувам поклони за сите мои блиски, дружби и секако настапите се најинтезивни во овој период.
Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се тебе најважно ти е добро друштво, забава и музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, шала, смеа и потоа секако некој добар новогодишен филм?
Симона Поповска: За дочекот секогаш настапувам. Сакам да правам добри забави, да ги гледам луѓето среќни, моите блиски секако се со мене и на ваков начин ја дочекувам со песна и добра забава.
Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш саканите за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што тебе би те изненадило како подарок?
Симона Поповска: Хм , ги изненадувам со она што мислам дека и го заслужиле преку целата година. Доста имам добра меморија и запомнувам желби. Сепак пред се најважно е да сме здрави и среќни, матријалните нешта се последни. Може да го добите најубавиот поклон, но сето тоа не е важно ако не сте среќни и исполнети. Оној што добро ве познава би знаел што е тоа што вас ве прави среќни.

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?
Симона Поповска: Па тоа што во овој период кај сите нас се будат посебни чуства и сите се среќни и расположени.
Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратиш 2019-та, а ќе ја дочекаш Новата 2020-та година?
Симона Поповска: Во локално кафуле ќе настапувам заедно со мојот бенд. Ви гарантирам одлична забава.
Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та?
Симона Поповска: Можам само да ја пофалам работата на сите артисти, бидејќи имаше доста добри хитови.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакала да ти се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на музичката кариера?
Симона Поповска: Би сакала пред се да сум здрава и да бидам уште подобра личност во новата година тоа си го поскувам на приватно поле. Професионално би сакала се повеќе да унапредувам како и во докторската така и во музичката кариера. Имам доста планови се надевам со верба и труд ќе се исполнат.
Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакала на твоите фанови, поддржувачи, како и читатели на музичкиот портал Музика24?
Симона Поповска: Да слушаат македонска музика. Сите лоши работи да ги заборават, нов почеток, нови цели и желби. Да веруваат во себе и да бидат подобри оваа година. И се разбира здрави и живи.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
